На 27.09.2019 во 14,50 часот било пријавено дека на автопатот Скопје-Штип во близина на надвозник за исклучок Кочани М.В.(38) од Скопје управувајќи патничко моторно возило “oпел aнтара“ со скопски регистарски ознаки изгубила контрола над истото и удрила во метална заштитна ограда, информира МВР.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Е.В.(30) од Скопје која била пренесена во клиничката болница Штип за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Штип.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.