еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Жената од Кочани имала убодни рани во градите, стомакот, вратот и рацете, убиецот заврши во притвор

Наредба за спроведување истражна постапка и притвор од 30 дена е определен за лицето кое се сомничи дека сторило кривично дело „убиство“, соопшти Јавното обвинителство (ЈО).

Осомничениот на 25 септември годинава на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож и знаејќи го патот по кој оштетената се движи кога оди кон работа, ја пречекал и и задал повеќе убодни рани во пределот на градите, стомакот, вратот и рацете. Од повредите, жртвата починала на лице место.

Наредбата за спроведување истражна постапка за лицето поради основано сомнение дека сторил кривично дело „убиство“ ја донесе Основното јавно обвинителство Кочани.

-Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судијата го прифати предлогот и со решение му определи притвор во траење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиената жена од Кочани, подолг период била уценувана со компромитирачки фотографии и видеа

Маж во Кочани со 40 убоди убил жена на која претходно ѝ изнудувал пари и бил пријавуван

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ТикТок е најпопуларната aпликaција во светот во 2022 година, ја презеле 875,2 милиони корисници

Редакција

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Редакција

185 нови случаи на Ковид-19 од 2.216 тестови, 28 се реинфекции

Редакција