Голем број на жени се уште се срамат да побараат медицинско решение за неволно испуштање мокрача, гасови и други генитални проблеми поради срам, поради страв дека позади овие симптоми се крие нешто посериозно и поопасно или сметаат дека ваквата нивна состојба е нормална за нивната возраст.
Спротивно на воспоставеното мислење, светските анализи покажуваат дека 35% од жените кои одат на рутински гинеколошки преглед имаат неволно испуштање на мокрачата, а 40% имаат среден или тежок степен на спуштање на гениталните органи. 13% од постменопузалните (постарите) жени имаат неволно цревно празнење (цревна инконтиненција).
„Овие состојби не се нормални за било која возраст, и овие заболувања можат да предизвикаат значајни физиолошки, социјални, емоционални, сексуални, психолошки и професионални пореметувања.
Терапијата за инконтиненцијата и пролапсот може да биде хируршка и не – хируршка. Лекарите од клиниката „Жан Митрев“ имаат индивидуален пристап кон секој пациент и го базираат третманот во зависност од потребите на секоја жена.
Ние на секоја жена и ги нудиме сите можности за терапија на нејзината состојба и помагаме секоја жена го одбере најдоброто за неа“, вели професор д-р Васил Илиев, специјалист гинеколог акушер и супспецијалист урогинеколог при клиниката „Жан Митрев“.
Тој додава дека секоја жена чии дневни активности и квалитет на живот се афектирани од овие состојби треба да побара соодветна медицинска помош.
Препознај ги своите симтоми:
-Дали се случува несакано да испуштите мокраќа кога кашлате, кивате, трчате, скокате, се смеете, носите товар, имате сексуален однос и друго?
-Дали често ви се јавува силна желба да мокрите, да испуштите урина пред да стигнете до тоалет?
-Дали мокрите секој час во текот на денот или повеке од 2 пати навечер?
-Дали случајно/несакано испуштате гасови или столица барем еднаш во текот на неделата?
-Дали често имате силна желба за празнење на цревото, па да испуштите малку столица пред да стигнете до тоалет?
-Дали забележувате испакнување (топче) кај вагината при бањане?
-Дали морате да го вратите назад во вагината за да мокрите или дефецирате?
-Дали чувствувате притисок и тегнење во вагиналниот предел кој се намалува и се губи откако ќе легнете?
-Дали се подмочувате при смеење, кашлање, сексуален однос или друга активност?
„Доколку одговорот е да на било кое од овие прашања, закажете преглед со нашите субспецијалисти за урогинекологија и реконструктивна пелвична хирургија“, апелира д-р Илиев.
Центарот за урогинекологија и реконструктивна пелвична е специјализиран за дијагностика и третман на жени со:
Уринарна инконтиненција (неволно испуштање на мокрача)
Фекална инконтиненција (неволно испуштање на гасови/столица)
Пролапс на генитални органи (утерус, вагина, бешика и ректум спад од нормална позиција)
Интерстицијален цистит (инфламација на ѕид на бешика)
Сексуална дисфункција како резултат на инконтиненција или пролапс.
Преглед и терапија
Иницијалната посета трае просечно 30 минути, иследувањето е многу слично на рутинскиот гинеколошки преглед.
„Ке има доволно време за разговор за вашата состојба и можностите за терапија. Соодветни најсовремени дијагностички тестови и апаратура“, информира д-р Илиев.
Процедури кои се нудат во клиниката „Жан Митрев“:
Вагинопластика (пластика и рејувенација на вагина)
Перинеопластика (стеснуванје на влезот на вагина)
Пластика на големи и мали усни на вулва
Редукција и зголемување на клиторис
Хименопластика
Ласер ремоделирање
Третман на инконтиненција со и без трака
Корекција на цистоцела (спуштена бешика)
Корекција на ректоцела/ ентероцела (спуштено дебело црево)
Подигање на бешика после хистеректомија
Подигање на матка
Хистеректомија (вагинална, абдоминална, лапароскопска)
Хистероскопија
Ендометријална аблација
Фото: World report
КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА