еМагазин
Image default
Локално

Жичарницата на Водно од понеделник ќе работи до 18 часот

Жичарницата „Милениумски крст“ од 1 април ќе работи до 18 часот, согласно утврдениот возен ред. Работното време ќе биде од 10 до 18 часот, при што последното возење од долу нагоре е во 17.30 часот, односно во 17.45 часот од горе – надолу.

Жичарницата на Средно Водно работи секој ден, освен во понеделник и секој последен вторник во месецот, кога се врши редовен технички преглед на објектот. Првото поаѓање е во 10 часот, а последното возење од горе надолу е во 17.45 часот. Билет за возрасни чини 100 денари за два правци, а 50 за во еден правец. Билет за деца чини 50 денари.

Во вторник, петок, сабота и недела, бесплатен превоз имаат возрасните лица (жени со 62 години, мажи со 64 години). Во среда бесплатно возење имаат учениците од средните училишта чиј основач е Град Скопје и одлуката важи за време на учебната година.

Во четврток бесплатно возење имаат и редовните студенти на некој од државните факултети.

Жичарницата „Милениумски крст“ беше пуштена во употреба на трети јуни 2011 година. Се движи со брзина од 6 метри во секунда и оваа должина ја совладува за 4 минути и 18 секунди. Патниците се распоредуваат во 28 кабини за по осум патници и две кабини за четворица патници. Вкупниот капацитет на жичницата е 1.160 патници на час.

МИА/Фото: ЈСП

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се поголем број на луѓе ја користат жичарницата, лани продадени 166.791 билети

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бојкот на наставата во скопско училиште, откако за директор е поставен Албанец

Редакција

Општина Карпош нуди финансиска помош за санација на станот опожарен на „Рузвелотва“

Редакција

Штипјанец втор пат во една недела физички ја нападнал сопругата

Редакција