Надворешната канцеларија за криминалитички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.А.(23) од село Визбегово, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“,информира МВР.
На 09.05.2019 година околу 14.40 на магистралниот пат Кичево-Гостивар полициски службеници при преглед на патничко возило „Сеат Ибица“, управувано од А.И.(19) од Скопје, во кое како сопатник бил Д.А. пронашле 100 куршуми калибар 38 мм, 200 куршуми калибар 7,65 мм, 150 куршуми калибар 7,62 мм и 162 куршуми калибар 9 мм.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.