еМагазин
Image default
Бизнис

„Жито Лукс“ лани во загуба од 9,8 милиони денари

„Жито Лукс“ во текот на минатата година оствари загуба од 9,8 милиони денари, што е намалување во однос на претходната година кога загубата изнесувала 22,4 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.

Од компанијата соопштија дека приходите од продажба на странскиот пазар се зголемени за 7% во споредба со претходната година, а приходите од продажба на домашен пазар се незначително намалени за 1% , како резултат на поагресивна политика на попусти со цел да се одржи пазарниот удел и лидерската позиција во сегментите: леб и брашно.

„Трошоците на продадените производи се зголемени за 1% како резултат на повиските цени на основната суровина (+10%) како и на цените на енергенсите (+13%). Компанијата продолжува со напорите да ја зголеми продуктивноста и ефикасноста со цел да одговори на постојаните зголемувања на цените на главните елементи што учествуваат во формирање на цената. Таа практика е видлива и кај оперативните трошоци, кои се намалени за 6%“, информираат од компанијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цените на производите на Жито Лукс остануваат исти и нема потреба од залиха

Димитриос Раптис отповикан од позицијата член на Управниот одбор на Жито Лукс

Промени во Надзорниот одбор на „Жито Лукс“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата ќе обезбеди грантови за рестораните за свадби до 10.000 евра, а за игротеките до 5.000 евра

Редакција

ТТК Банка лани со зголемена добивка

Редакција

Македонија ќе бара отштета од Бугарија и поддршка од ЕУ за таксата за транспорт на руски гас доколку не бидат ослободени капацитетите на гасоводот

Редакција