Во првото тромесечие од 2021 година, Жито Лукс АД Скопје оствари нето добивка во вредност од 5.5 милиони денари, претворајќи го негативниот резултат од претходната година во позитивен (2020: -7 милиони денари), информира компанијата преку Македонската берза.
„Бруто добивката е подобрена за 8% (или + 5.7 милиони денари), додека оперативната добивка бележи пораст за 12 милиони денари во однос на првото тромесечие од 2020 година.
Приходите од продажба се намалени за 4%, генерално како ефект од ковид-кризата започната минатата година (вонредно зголемена побарувачка на производи од сегментите брашно и леб со подолг рок, во март 2020 година).
Приходите од продажба на домашен пазар бележат намалување за 6%, додека приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 39% во споредба со првото тромесечие минатата година.
Трошоците на произведени производи се намалени за 8%, следејќи го трендот на намалување на продажбите, но и поради зголемен фокус на компанијата кон рационализација на трошоците и зголемување на продуктивноста.
Ова доведе до значително подобрување на бруто профитната маржа која достигна 29% во 2021 споредбено со 25,7% во истиот период минатата година.
Трошоците за продажба и дистрибуција се намалени за 9%, додека административните трошоци бележат намалување од 14%“, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Промени во Управниот одбор на „Жито Лукс“