Жито Полог АД Тетово за периодот јануари – септември 2022 година оствари позитивен финасиски резултат искажан во неревидираниот единечен Биланс на упех, соопшти компанијата преку Македонската берза.
-Остварените единечни вкупни приходи во периодот јануари – септември 2021 година изнесуваат 333,382 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период во 2021 година бележат зголемување за 52%.
Во структурата на приходи најголемо учество, 99%, имаат приходите од продажба на производи и услуги кои во споредба со остварените во истиот период 2021 година бележат зголемување за 57%.
Остварените единечни вкупни расходи во периодот јануари – септември 2022 година изнесуваат 310,143 илјади денари и во споредба со истиот период во 2021 година бележат зголемување за 47%.
За периодот од 01.01.2022 година до 30.09.2022 година остварена е добивка од 12,667 илјади денари, велат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Орка холдинг купи акции во тетовски Жито полог
Тетовски Жито Полог во првите девет месеци од годината со добивка