ЗК Пелагонија АД Битола во првите шест месеци од годинава оствари загуба од 179 милиони денари, што е продлабочување во однос на истиотпериод миатата година кога загубата на компанијата изнесувала 109 милиони денари, покажува билансот на успех на компанијата објавен преку Македонската берза.
Во првото полугодие од 2018 компанијата оствари оперативни приходи на износ од 330.046.000, што е намалување од 27 % во однос на истиот пресметковен период од минатата година, соопшти компанијата преку Македнската берза.
Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 88,16 % од вкупните оперативни приходи или износ од 290.972.000 денари.
Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната деловна година и истите се намалени за 29%.
Остварените оперативни расходи во деловната 2018 година опфаќаат износ од 729.733.000 денари и истите се поголеми во однос на оперативните приходи за износ од 399.687.000 денари или за 121,10 % .