еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Знаци, симптоми и стапка на смртност од мајмунските сипаници

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објави анализа за знаците и симптоми на мајмунските сипаници.

Ви пренесуваме дел од истата.

Периодот на инкубација (интервал од инфекција до почетокот на симптомите) на мајмунска сипаница е обично од 6 до 13 дена, но може да се движи во интервал од 5 до 21 ден.

Инфекцијата може да се подели на два периоди.

Периодот на инвазија (трае помеѓу 0-5 дена) кој се карактеризира со треска, интензивна главоболка, лимфаденопатија (отекување на лимфните јазли), болки во грбот, миалгија (болки во мускулите) и интензивна астенија (замор, недостиг на енергија).

Лимфаденопатија е карактеристична за мајмунските сипаници и ги разликува од другите болести кои првично може да изгледаат слично (овчи сипаници, мали сипаници, големи сипаници).

Ерупцијата на кожата обично започнува во рок од 1-3 дена по појавата на треската. Исипот има тенденција да биде повеќе концентриран на лицето и екстремитетите отколку на трупот.

Го зафаќа лицето (во 95% од случаите) и дланките на рацете и стапалата (во 75% од случаите).

Засегнати се и оралните мукозни мембрани (во 70% од случаите), гениталиите (30%) и конјунктивите (20%), како и рожницата.

Исипот еволуира последователно од макули (лезии со рамна основа) до папули (малку подигнати цврсти лезии), везикули (лезии исполнети со чиста течност), пустули (лезии исполнети со жолтеникава течност) и кора кои се сушат и паѓаат. Бројот на лезии варира од неколку до неколку илјади.

Во тешки случаи, лезиите може да се спојат додека не се отстранат големи делови од кожата.

Мајмунските сипаници обично се самоограничувачка болест, со симптоми кои траат од 2 до 4 недели.

Тешките случаи се јавуваат почесто кај децата и се поврзани со степенот на изложеност на вирусот, здравствената состојба на детето и природата на компликациите. Основните имунолошки недостатоци може да доведат до полош исход.

Иако вакцинацијата против големи сипаници даваше заштита во минатото, денес лицата помлади од 40-50 години (во зависност од земјата) може да бидат поподложни на мајмунски сипаници поради престанокот на кампањите за вакцинација против големи сипаници на глобално ниво, по искоренувањето на болеста.

Компликациите на мајмунските сипаници вклучуваат секундарни инфекции, бронхопневмонија, сепса, енцефалитис и инфекција на рожницата на окото со последователно губење на видот. Степенот до кој може да се појави асимптоматска инфекција е непознат.

Смртност од мајмунски сипаници историски се движел од 0 до 11% во општата популација и бил поголем кај малите деца. Во последно време, стапката на смртност е околу 3-6%.

Дијагноза

Клиничката диференцијална дијагноза која мора да се земе предвид вклучува други болести со исип, како што се овчи сипаници, мали сипаници, бактериски инфекции на кожата, шуга, сифилис и алергии поврзани со лекови.

Лимфаденопатија за време на продромалниот стадиум на болеста може да биде клиничка карактеристика за разликување на мајмуни сипаници од овчи сипаници или големи сипаници.

Ако постои сомневање за мајмунски сипаници, здравствените работници треба да соберат соодветен примерок и безбедно да го транспортираат во лабораторија со капацитет за ваков вид тестирање.

Потврдата за мајмунски сипаници зависи од видот и квалитетот на примерокот и видот на лабораторискиот тест. Примероците треба да се пакуваат и испраќаат во согласност со националните и меѓународните барања за начин на пакување и транспорт на инфективен маттеријал.

Полимеразна верижна реакција (PCR) е префериран лабораториски тест со оглед на нејзината точност и чувствителност. Оптимални дијагностички примероци за мајмунски сипаници се примероци од кожни лезии – кората или течност од везикули и пустули, и крусти.

Примероците од лезијата мора да се чуваат во сува, стерилна туба (без медиум за транспорт на вируси) и да се чуваат на ладно.

PCR тестовите на крв обично се неубедливи поради краткото времетраење на виремија во однос на времето на собирање примероци по почетокот на симптомите и не треба рутински да се собираат од пациентите.

Бидејќи ortopoxvirus-ите се серолошки вкрстено-реактивни, методите за откривање на антигени и антитела не обезбедуваат специфична потврда за мајмунските сипаници. Затоа, серологијата и методите за откривање на антиген не се препорачуваат за дијагноза или испитување на случај, каде ресурсите се ограничени.

Дополнително, неодамнешната или поранешна вакцинација со вакцина која е базирана на vаccinia-вирус (на пр., секој вакциниран пред искоренувањето на големите сипаници, или неодамна вакциниран поради поголем ризик како што е персоналот во лабораторијата за ortopoxvirus) може да доведе до лажни позитивни резултати.

Со цел да се интерпретираат резултатите од тестот, од клучно значење е да се обезбедат информации за пациентот со примероците, вклучувајќи: датум на појава на треска, датум на појава на исип, датум на собирање на примерокот, моментален статус на поединецот (фаза на исип) и возраст

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Mајмунски“ обид за повторен страв кај населението, слободно планирајте си летни одмори, вели Беќаровски за „мајмунските сипаници“

Д-р Пановски: Мајмунските сипаници не заслужуваат внимание, за разлика од вариола вера не предизвикуваат смрт

Факти за мајмунските сипаници

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Крунисан британскиот крал Чарлс Трети

Редакција

(Фото) Инстаграм кралот на марихуаната Биг Мајк се сретна со Заев, Филипче и Богдановиќ

Редакција

По 5 месеци потврдено дека телото извлечено од бездна кај Демир Капија е на Илија, кој се водеше како исчезнат 2 години

Редакција