еМагазин
Image default
Техно ТОП СТОРИИ

Знаете ли дека постои софтвер за родителска контрола што децата гледат на интернет: Како да го инсталирате

Во Македонија децата поминуваат од 2 до 9 часа дневно на интернет, покажува анкета на Агенцијата за електронски комуникациии.

Анкетата покажува и дека голем број на родители незнаат дека постои софтвер за родителска контрола, за тоа што децата гледат на интернет и дека незнаат каде може да го набават истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Децата во Македонија дневно на интернет од два до девет часа

Како до софтвер за родителска контрола

Како што пишува тимот на проектот bezbednonainternet.org.mk, софтверите за родителска контрола им овозможуваат на родителите да избираат игри кои нивните деца можат да ги играат, да дозволуваат апликации кои можат да ги користат и веб-сајтови кои смеат да ги посетуваат.

Исто така, со помош на ваквите програми и алатки, родителите можат да специфицираат и временски периоди кога децата смеат да го користат компјутерот, а забраните да останат и кога тие нема да бидат дома.

„За ваков тип на родителска контрола, можеби нема да имате потреба од дополнителен софтвер доколку ја користите актуелната верзија на Windows оперативниот систем – Windows Vista.

Имено, сега родителите, благодарение на алатката Parental Controls  која се наоѓа во Control Panel , можат да креираат посебни кориснички профили за нивните деца и тоа соодветни на нивната возраст и лични интереси“, пишуваат од bezbednostnainternet.org.mk.

Филтер на веб содржини

За да блокирате прикажување на непристојни содржини кои се дел од некои веб страници, потребен ви е филтер на веб-содржини, велат од bezbednostnainternet.org.mk.

“Доколку прелистувате со Internet Explorer, ваквиот филтер е дел од него и можете директно оттука да го конфигурирате. Појдете во менито Tools и оттука изберете Internet Options. Во јазичето Content можете да одредите кои сајтови смее да ги прелистува вашето дете, иако овој вграден филтер си има сопствен систем за рангирање на веб-сајтови.

Доколку пак сте корисници на Mozilla Firefox, можете да се послужите со неколку проширувања кои можат да ви помогнат во некои важни работи од овој тип. Од менито Tools (Алатки) изберете Extensions (Додатоци) и кликнете на линкот за дополнителни проширувања (или едноставно следете ги линковите подолу). Ќе ви се отвори страница каде треба да ги побарате следниве:

Glubble е алатка за целата фамилија која овозможува ограничување на пребарувачките можности на прелистувачот во рамките на она што е соодветно за децата. Додатокот го менува прелистувачот, односно го оспособува за негово користење од страна на децата. Во оваа фаза е бесплатен, тежи 1МБ и е поддржан од сите оперативни системи.

ProCon исто така претставува софтверски додаток за Mozilla Firefox со помош на кој се блокираат веб-сајтови со експлицитна содржина врз основа на текстот кој е дел од нив

LeechBlock пак овозможува блокирање на веб-сајтови во одредени временски периоди.

Алтернативно, можете да се послужите со самостојниот бесплатен софтвер K9 Web Protection кој овозможува филтрирање на веб страници, додека за целосно филтрирање на интернет-содржини пробајте го бесплатниот Naomi.

Покрај блокирање на веб-содржините до кои можат да дојдат вашите деца, за да ги заштитите од опасностите кои се случуваат на интернет, понекогаш може да биде потребно и да го ограничите користењето на програмите  со кои децата се служат за разни онлајн активности.

Ваква намена има програмата ChatController која овозможува блокирање на пристапот до програмите за инстант комуникација кои се инсталирани на компјутерот и тоа според самата апликација, корисникот или периодот во денот“, велат од bezbednostnainternet.org.mk.

Целата анализа и повеќе информации за безбедност на интернет, ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Крушево во новогодишна магија

Редакција

Дизајнерката Мршиќ подготвува нова колекција чанти кои ќе бидат изработени од лица од ранливи категории

Редакција

Три лица кои учествувале во нападот на полицаецот во скопски Бутел се во бегство

Редакција