Функционерот на владејачката ДУИ, вработен како советник во Македонска навигација (М-НАВ), Беким Незири не учестувал во упадот во објектот на Контрола на летање, тврди неговиот адвокат Еленко Миланов.
Според него, се започнало со дезинформација која постојано се повторувала и на таа дезинформација се засноваат и сите други изјави и коментари, како на стручната, така и на нестручната јавност.
„Во овој настан нема нешто што се случува во контролната кула, ниту има во контролната или пак во близина на контролата кула, ниту пак лице кое во тој момент треба да извршува свои обврски во контролната кула.
Беким се јави во рок од половина на час на поканата на МВР, ги даде сите свои наоди, и денеска се појави пред Судот, што јасно укажува дека нема намера да бега, туку сака да докаже што стварно се има случено, во коешто тој нема никаков допринос.
Тој настан се случува зад неговиот грб од други лица, ниту пак со лице кое влага со него во зградата на М-НАВ“, тврди адвокатот Миланов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Беким Незири се појави во Кривичен суд
(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање
Фото: Незири/Фејсбук