еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бугарија презадоволна од пописот во Албанија, и се заблагодари на земјата за сработеното

Од 0 Бугари во 2011 година, сега во Албанија како такви се изјасниле дури 7.597 лица, покажаа резултатите за минатогидишниот попис во земјата, кои деновиве ги објави Институтот за статистика на Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Албанија има 2.281 „северномакедонци”, Бугари од 0 во 2011 сега има 7.597

Како што пренесуваат албанските медиуми бугарскиот амбасадор во Албанија, Ивајло Киров искажал задоволство од пописните резултати и изразил “благодарност за сработеното, но и за почитувањето на правата на малцинството”.

Според него со ”овој процес се создале хармонични услови за жителите со бугарско потекло слободно да ја изразат својата етничка припадност”.

-Доколку албанската влада не ги создадеше овие услови жителите на бугарската заедница слободно да ја изразат својата определба, немаше да ги имаме бројките што ги имаме денес.

Искрено сме многу изненадени од резултатите, изјавил тој меѓудругото и повлекол дека Албанија е најпријателската и најгостопримлива земја за Бугарија и за Балканот.

-Ова е една од причините зошто албанската држава преговара со ЕУ, рекол тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

И Грците незадоволни од пописот во Албанија, загрижени се и за прикажувањето на бројот на православните

МНР остро реагира на употребата на термин „северномакедонци“ на пописот во Албанија

Албанија ја поправи грешката, „северномакедонци“ во пописот станаа Македонци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

20,3% од заразените со Ковид-19 во Македонија биле/се хоспитализирани

Редакција

Македонскиот атлетичар Дарио Ивановски освои злато на Балканско првенство во Турција

Редакција

Пред 2001 во семејството Ахмети имаше само сточари и земјоделци, на раб на егзистенција, вели внук на Али Ахмети

Редакција