еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Видео) Весна Петрушевска откри дека има рак на дојката од април

Македонската актерка Весна Бејби Петрушевска на Инстаграм соопшти дека се бори со рак на дојката, кој и бил дијагностициран од средината на април годинава.

Дека се бори со рак навести и во неколку претходни статуси на социјалните мрежи деновиве.

Досега имала две операции и вели дека ги живее најтешките моменти, задачи и преживувања, но не сака сожалувања.

-Кога ќе ви кажат дека ви дијагностицирале, прво што ви паѓа на памет е дека вашето време е одбројано. Јас се обидов тоа да не го кажувам, иако дијагнозата ми е од средината на април, вели таа меѓудругото во видео обраќање.

Вели и дека има 30 сантиметри рез.

-Кој што ве инвалидизира, лузна, белег, која ве потсеќа на животот кој треба да го живеете, вели таа.

Фото/видео: Инстаграм

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемени температури и високо УВ-зрачење: Препораки за заштита на здравјето

Редакција

Банките наплаќаат многу „посолени“ камати за кредитите отколку што даваат за штедните влогови

Редакција

Денеска умерено oблачно и ветровито време

Редакција