Вечерата кога избувна пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 59 лица, а беа повредени 203, бил и Борче Јованчевски со неговата сопруга.
Тој бил меѓу првите што алармирал за пожарот и почнал да вади повредени во пожарот, а подоцна напомош дошол и неговиот дедо.
За инцијативата Support Kocani тој раскажа дека во еден момент од вдишаниот јаглерод моноксид се онесвестил и ја изгубил сопругата, која ја држел за рака.
Откако се освестил истурил вода на лицето и почнал со други лица, меѓу кои и член на обезбедувањето, да извлекуваат повредени.
-Тие беа заглавени, сите пружаа раце, некој можеше да се извлече, некој не, раскажува тој.
Успеал да ја најде и сопругата, која моментално е на лекување во Скопје.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
Видео/фото:Support Kocani