Во 2021 година во Македонија поради загадувањето починале 5.600 граѓани, стои во извештајот на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), објавен вчера.
Според извештајот поради загадување од PM2.5 честички во Македонија починале 5.000 лица, поради загадувањето со азот диоксид, 400, а од краткорочната изложеност на озон – 200 лица.
Во извештајот стои дека речиси 400.000 смртни случаи во Европа во 2021 година се припишуваат на загадувањето на воздухот.
Загадувањето предизвикано од ситни честички (PM2.5), кое особено ги погодува луѓето со срцеви заболувања, е причинител за 253.000 смртни случаи во 2021 година.
Загадувањето со азот диоксид (NO2), најштетен за луѓето со дијабетес, резултирало со 52.000 смртни случаи, а краткорочната изложеност на озон (О3) придонело за 22.000 смртни случаи.
Ако се додадат голем број европски земји надвор од ЕУ – загадениот воздух е одговорен за речиси 389.000 смртни случаи во Европа, се вели во извештајот на ЕЕА.
Илустрација: О2 Инцијатива