Вратите на Клиниката Жан Митрев се отворени за секого кому му е потребна медицинска помош, а нашиот тим е подготвен да одговори на секој повик со највисоко ниво на грижа и посветеност, велат од таму по трагедијата која се случи во Кочани, каде што во пожар во дискотека загинаа најмалку 51 лице и над 100 се повредени.
„Во вакви моменти, кога зборовите се немоќни да ја опишат болката што ја чувствуваме, најважно е да бидеме заедно. Трагедиите нè потсетуваат дека човечноста, солидарноста и поддршката се најсилните нешта што ги имаме.
Веќе неколку лица од несреќата се згрижени во нашата клиника. На располагање ги ставаме и амбулантни возила на Клиниката за да стигнеме до сите на кои им е потребна помош.
Ова се моменти кога мора да останеме сплотени, да си помогнеме и да покажеме дека никој не е сам. Со мислите и срцата сме со повредените и нивните семејства,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
18 повредени во пожарот во дискотеката во Кочани се во критична состојба
(Фото) Список на деца повредени во пожарот во Кочани, сместени во скопските болници
Официјално: Најмалку 51 лице загина во пожарот во дискотеката во Кочани