еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Грција го отвори прашањето за неупотребата на уставното име на Самитот на НАТО

Како и што најави грчкиот премиер Кирајакос Мицотакис на првата сесија на лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на Алијансата, кој се одржува во Вашингтон, САД, го отвори прашањето за неупотребата на уставното име на државата од страна на македонското раководство.

Тој рече дека целосното спроведување на Договорот од Прееспа е од суштинско значење за Алијансата, за Западен Балкан и за меѓународната заедница.

Мицотакис, како што пренесоа грчките медиуми на сесијата посебно се осврнал на Договорот од Преспа, кој како што посочил, “овозможи проширување на овој сојуз со пристапувањето на Северна Македонија“.

Според него, напредокот, безбедноста и просперитетот се засноваат на почитување на меѓународното право и меѓународните договори.

-Прекршувањето или селективната примена на Договорот од Преспа ќе го наруши кредибилитетот на сите напори за решавање на другите отворени прашања во Западен Балкан и ќе ја загрози стабилноста и безбедноста во регионот, рекол Мицотакис

Грчките медиуми пренесуваат и дека македонскиот премиер Христијан Мицкоски, во изјава на пристигнување на Самитот, својата земја ја нарекол – Македонија, а неговата влада – македонска влада.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грчка влада: Европската перспектива на Македонија е затворена се додека не ги почитува преземените обврски

Фото: НАТО/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Починаа уште тројца пациенти од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 156

Редакција

(Видео) Тимовите на Дирекцијата за заштита и спасување, спасија 38-годишна жена под урнатините во Турција

Редакција

Вкупната бројка на заболени од корона вирусот 384 лица: Потврдени 30 нови случаи, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција