еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Делегација на Амбасадата на Казахстан во посета на „Алкалоид“

Делегација на Амбасадата на Казахстан во Скопје, предводена од Амбасадорот на Република Казахстан, Н.Е. Сатибалди Буршаков, оствари работна посета на „Алкалоид“ АД Скопје, информираат од таму.

Во воведното обраќање од официјалниот дел на средбата, генералниот директор и претседател на Управниот одбор, Живко Мукаетов, ги претстави компанијата, нејзината основна дејност, производствените капацитети и програма, остварените перформанси и резултати од работењето, како и реализираните капитални инвестиции низ годините, а посебно се осврна на континуираните вложувања во заедницата преку големиот број остварени проекти во делот на општествената одговорност и заштитата на животната средина, посочуваат од таму.

-Главниот фокус на средбата беше врз деловните соработки и дејствувањето на „Алкалоид“ во Казахстан, каде компанијата неодамна регистрираше ново капитално поврзано друштво, „Алкалоид Казахстан“ ДОО, што е прва подружница на компанијата во Азија.

Отворањето на ова друштво претставува исклучителна можност за искористување на големиот потенцијал за пласирање фармацевтски производи на овој пазар, чија вредност на годишно ниво изнесува близу 2 милијарди евра.

Казахстан е пазар со 19,6 милиони жители и е економија со најдобри перформанси во Централна Азија.

Портфолиото на „Алкалоид“ во Казахстан за почеток ќе опфаќа антибиотици и додатоци во исхраната наменети за бремени жени.

Во иднина компанијата планира проширување на асортиманот и присуство и во други земји од тој регион на интерес. Подружницата во Казахстан, лоцирана во градот Алмати, е 26. капитално поврзано друштво на „Алкалоид“ по ред.

Проширувањето кон азискиот континент е во насока на главните стратешки определби на компанијата, како и нагласената извозна ориентација и глобализација на брендот „Алкалоид“, велат од таму.

При обиколката на производствените капацитети од сегментот фармација, како и на Институтот за истражување и развој, членовите на делегацијата имаа можност да се запознаат со високото ниво на технолошка опременост, подготвеност и стручност на обучениот кадар кој управува со процесите, како и со најсовремената опрема и со модерните услови за работа во „Алкалоид“, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Употребата на имињата на цар Борис Трети и цар Фердинанд е за да се покаже заедничка историја со Бугарија до 1944, вели историчарот Панов

Редакција

(Галерија) Revalid® ја промовираше новата револуционерна линија на производи против опаѓање на коса во Македонија

Редакција

Наставниците од септември ќе земаат за 15% поголема плата

Редакција