еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Денеска Mарш во Кочани: Мнозинството од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, одбиваат средба со премиерот

Мнозинството од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани, одбиваат средба со премиерот вна 13 мај, се вели во писмото испратено до медиумите.

Во него наведуваат дека причината за одбивањето е доцнењето на поканата и дека уште претходно побарале средбата да се одржи во Кочани.

„Сметавме дека предлогот за средба во Кочани е разумен и оправдан, особено затоа што дел од родителите не се во можност да патуваат поради последиците од трагедијата“, наведуваат во писмото.

Од семејствата појаснуваат дека нивниот став не е израз на целосен консензус, туку одраз на мислењето на мнозинството меѓу нив.

Повикуваат јавноста на солидарност и најавуваат мирен собир – „Марш на ангелите“, што ќе се одржи на 10 мај (сабота), со почеток во 16:05 часот во Кочани.

„Ова е наш начин да ја одбележиме болката, да побараме правда и да ги потсетиме институциите дека не смееме да дозволиме ваква трагедија да се повтори“, додаваат тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Кочанчанец кој загубил пет другари во пожарот, се залепи за бандера на плоштадот „Македонија“: „Толку ли брзо не заборавивте?„

Скопјани не ги гушнаа и не им дадоа утеха на родителите на загинатите во Кочани, кои дојдоа на марш во Скопје

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Судењето за „Титаник 2“ на СЈО продолжува на 18 декември

Редакција

Маж од Богданци вербално ја нападна претседателката на Уставен, Кацарска

Редакција

Од Ковид-19 починаа 15 лица, најмладиот имал 36 години

Редакција