Денеска во Кочани ќе се одржат два протеста, едниот за трагедијата во т.н. дискотека во која загинаа 59 лица, голем дел жители на градот и околината, другиот за приведените обезбедувачи.
-Во 18:00 часот, во Градскиот парк ќе се одржи мирен протест, на кој граѓаните ќе го изразат својот став и ќе побараат вистината да излезе на виделина. Организаторите апелираат протестот да биде достоинствен и без инциденти.
Во 20:00 часот, роднините и пријателите на приведените обезбедувачи ќе одржат протест со барање за нивно ослободување. Тие истакнуваат дека обезбедувањето кобната ноќ спасило многу животи и бараат праведен судски процес.
Граѓаните бараат правда без притисок врз судството
Граѓаните на Кочани апелираат двата протеста да не се мешаат доколку обезбедувањето има било каква вина, нека биде казнето според закон.
Ставот на граѓаните е јасен – секој што има било каква одговорност за трагичниот настан мора да одговара, без разлика кој е и каква позиција имал, стои во објава на Фејсбук групата Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
(Вознемирувачко видео) Се прошируваат гробиштата во Кочани, Ројтерс објави снимка од подготовките
Фото: Игор Бансколиев