Кичево, Прилеп, Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Скопје, Гевгелија и Куманово, денеска во раните утрински часови останаа без струја.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Повеќе градови во Македонија останаа без струја
Струја снема околу 5 часот, а истата почна да се враќа после 6 часот.
Од државната МЕПСО денеска информираа дека се работело за „регионален и европски проблем со кои се соочуваат речиси сите преносни систем оператори поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија во текот на ноќните часови и викендите во овој период од годината“.
Од таму велат дека дошло до дефект и краткотраен испад на 110 kV преносна мрежа.
-Причина за овој прекин се високите напони на 400 kV мрежа во целиот регион, што го афектираше нашиот систем и го предизвика краткотрајниот испад на енергетските трансформатори 400 /110 kV во трансформаторски станици.
Од настанување на испадот, екипите на АД МЕПСО експресно реагираа и за околу еден час по прекинот, нормализирано е напојувањето со електрична енергија во државата, велат од таму.
Фото: Унсплеш