На престојните претседателски избори ќе има седум кандидати за претседател на државата, потврди денеска Државната изборна комисија.
Во трката влегуваат актуелниот претседател Стево Пендаровски, кандидат на владејачката СДСМ, Гордана Силјановска-Давкова, кандидат на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Бујат Османи, кандидат на владејачката ДУИ, Арбен Таравари, кандидат на коалицијата „Вреди“, Максим Димитриевски, кандидат на ЗНАМ – За наша Македонија, кандидатката на Левица, Билјана Ванковска и кандидатот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски.
Нивните биографии ОВДЕ.
Фото: Кабинет на претседателот
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.