Европа АД Скопје лани остварила нето добивка од 33.478.416 денари и истата е помала во однос на претходната година за 20%, информираат од таму преку Македонската берза.
-Во 2023 година се остварени вкупни бруто приходи во износ од 900.805.086 денари и се зголемени за 3,6% во однос на бруто приходите од 2022 година.
Вкупните оперативни приходи за 2023 година се зголемени за 6,7% во однос на истите во 2022 година. Останатите приходи се намалени за 35,5%, а кај финансиските приходи зголемувањето е за 10,6% во однос на 2022 година.
Вкупните расходите се зголемени за 5% во однос на минатата година. Оперативните расходи во 2023 година се зголемени за 5%, а финансиските расходи се намалени за 36% во однос на 2022 година, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Европа со намалена добивка во првите девет месеци