еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Eвропските лидери во Киев, ја повикаа Русија на 30-дневно примирје

Францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Фридрих Мерц, британскиот и полскиот премиер Кир Стармер и Доналд Туск денеска се во посета на Киев, за уште еднаш да ја изразат својата поддршка на Украина.

На средбата со украинскиот претседател Володомир Зеленски ја повикаа Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје.

„Се придружуваме на Соединетите Американски Држави во повикот до Русија да се согласи на целосно и безусловно 30-дневно примирје за да се создаде простор за преговори за праведен и траен мир“, се вели во соопштението на веб-страницата на британската влада.

Лидерите на Франција, Германија, Полска и Велика Британија изразија подготвеност „што е можно поскоро да ги поддржат мировните преговори, да разговараат за техничката имплементација на прекинот на огнот и да се подготват за склучување на целосен мировен договор“.

„Ако се постигне примирје од 30 дена, ќе започнеме директни разговори меѓу Украина и Русија. Подготвени сме да помогнеме, изјави Макрон за француските медиуми, предупредувајќи дека ако Москва не го прифати примирјето, ќе има дополнителни „многу построги“ санкции.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц, исто така, ја предупреди Русија на сериозни последици доколку го одбие 30-дневниот прекин на огнот и последователните мировни преговори за запирање на војната.

„Ќе има масивно заострување на санкциите и дополнителна поддршка за Украина, вклучувајќи политичка, финансиска и воена помош,“ изјави Мерц за весникот „Билд“.

Европските лидери го повторија ставот за понатамошна зголемена поддршка на Украина.

Фото/Фејсбук-Зеленски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Горивата поевтинуваат од 1,5 до три денари за литар

Редакција

На „Бехтел и Енка“ досега исплатени околу 167 милиони евра, на терен се уште во фаза на геомеханичките испитувања

Редакција

Анџела Прајс Агелер потврдена за нова амбасадорка на САД во Македонија

Редакција