еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Застреланиот во Гајре, ги дочекал полицајците со автоматска пушка: Детали од МВР за акцијата

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека на 23.08.2024 година околу 22 часот полициски службеници од СВР Тетово и Одделот за специјални полициски операции, по претходно добиени оперативни сознанија дека Л.М. (41) од с. Гајре, тетовско, кој е осомничен за кривично дело убиство на 05.07.2024 година, а бил баран и поради бегство од Психијатарската болница Бардовци, се наоѓа во с. Гајре, преземале мерки и активности за лишување од слобода на лицето.

„По претходно обезбедени наредби за претрес во три куќи во Гајре, при преземање мерки за претрес на куќа сопственост на З.М., затекнат е Л.М., кој бил вооружен со автоматска пушка и пружил отпор и не постапил по дадените наредби на полициските службеници, туку автоматската пушка ја репетирал и вперил кон полициските службеници, по што било пукано од страна на полициските службеници.

Откако Л.М. бил неутрализиран, побарана е медицинска помош од Итна медицинска помош, а известен е и јавен обвинител. Кај Л.М. бил пронајден и пиштол и рамки за автоматска пушка и куршуми. Околу 22.50 часот Л.М. починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршија полициски екипи, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во одделот за судска медицина во Клиничка болница Тетово за обдукција,“ велат од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во престрелка со полицијата, во Гајре убиен осомничен баран со потерница за убиство

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Приведени 11 танчерки и пејачки во гостиварско

Редакција

(Фото) Помилуваниот член на криминалната група „Барон“ јавно и се заблагодари на Сиљановска Давкова

Редакција

(Фото) Словенија испраќа 16 противпoжарни возила и 46 пожарникари

Редакција