Во Кочани денеска се одржа „Марш на ангелите“ по истата маршута како и претходните, од Паркот на револуцијата до полицијата, Обвинителството, Основниот суд во Кочани и повторно назад во Паркот.
„Бараме правда“, „Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“, „Не чекај твоето дете да биде следно“, „Прошка нема, правда за нашите ангели мора да има“, „Каде да фатиме врски да ги вратиме другарите“, пишуваше на дел од транспарентите што семејствата ги носеа заедно со фотографии на загинатите.
„Јас од тој ден сум само физички жив, како фигура, внатре сум мртов. За судиите и обвинителите, внимавајте како ќе судите. Ние ништо не бараме од вас за тоа како ќе судите, само сакаме по една година за секое мртво дете. Тоа се 62 деца или 62 години, да ве потсетам. И по половина година за секое настрадано дете,“ рече еден од родителите.
Тие бараат независна истрага за ужасната трагедија која се случи на 16. март, а го изразија својот револт кон институциите за, како што рекоа, ненавременото постапување.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: Игор Бансколиев/видео: Mnet