еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во јули 3%, зголемувањето се должи на поскапувањата во угостителството и транспортот

Трошоците на животот во јули годинава, во однос на јули лани, бележат зголемување за 3%, а цените на мало за 3,9 %, соопшти Државниот завод за статистика.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули во однос на јуни 2024 година, изнесува 0.7 %. Цените на мало, пак, во јули во споредба со претходниот месец забележал раст од 1,5%.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на растот на трошоците на животот во групите: ресторани и хотели за 5,8 %, транспорт за 4.9 %, рекреација и култура за 1.2 %, здравје, разновидни стоки и услуги за 0.6 %, домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.3 %, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.1 %.

Во јули 2024 година, во однос на јуни 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во групите: облека и обувки за 0.5 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.2 %, комуникации за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: мебел, поќукнина и одржување на домаќинствата и образование останале на исто ниво како и во претходниот месец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Угостителските услуги во јули покапи за 4,8%

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Сиљановска Давкова во Берлин: Потребен е нов Маршалов план за обнова на Украина

Редакција

(ВИДЕО) Василичарски оган и „печење“ колбаси во водите на Охридското Езеро

Редакција

58-годишен велешанец изгоре во пожар во сопствената куќа

Редакција