еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Какво време не очекува за новогодишната ноќ

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и тивко. По котлините ќе има појава на магла која околу пладне ќе се намали, а во вечерните и особено во ноќните часови повторно ќе се формира. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде со појава на магла, која околу пладне ќе се намали. Во вечерните часови, а особено во текот на ноќта повторно ќе се формира. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 9 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи, продолжува периодот на релативно топло време. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури.

Во вторник и среда ќе има повремен локален дожд, а ќе дува и слаб, во западните делови умерен ветер од југозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 5 степени, а максималната од осум до 15 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Вознемирувачки видеа) Над 17.700 лица убиени во Газа, 70% се деца и жени

Редакција

Средба Заев-Гаши: Има напредок во преговорите, но се уште нема договор за влез на Алтернатива во Владата

Редакција

„Фридом хаус“: Македонија бележи напредок, но останува „делумно слободна“ земја

Редакција