еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Фатон Азизи, новиот обвинител во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Обвинителот Фатон Азизи, заедно со обвинителката Искра Хаџи Василева од Основното јавно обвинителство е прераспределен во Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Искра Хаџи Василева и Фатон Азизи „засилување“ во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал обвинител во Јавното обвинителство.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

Вози Мерцедес Ц.

На име на родителите пријавил куќа и земјиште од наследство во Куманово, како и автомобил Ауди.

На свое име има и штеден влог, како и кредит, кој според податоците кои ги дал требало да го врати во 2022 година.

Два кредити пријавил и на име на родителите, едниот требало да биде вратен во 2021 година, а другиот од 307,5 илјади денари следната година.

Штедни влогови и депозит пријавил и на име на децата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Искра Хаџи Василева, новата обвинителка во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Благодариме „браќа“ Бугари што ни го јакнете идентитетот

Редакција

Ударите кои ги задала обвинетета Клементина Левковска не придонеле кон смрта на Денис Тот, смета одбранта на обвинетата

Редакција

Денеска почнува Светскиот економски форум во Давос

Редакција