Доктор Сашко Кедев го искачи врвот Лотсе (8.516) на 13. мај, осум дена по искачувањето на врвот Макалу (8.485) на 5. мај, информираат од Imagine Nepal.
Ова претставува втор врв над 8.000 метри надморска височина, искачен оваа сезона.
Со искачувањето на Лотсе, тој комплетираше 10 од 14 искачени врвови повисоки од 8.000 метри надморска височина.
Во историскиот успех на Кедев се запишани и врвовите Монт Еверест (8.848), К2 (8.611), Далагири (8.167), Манаслу (8.163), Броуд пик (8.051), Анапурна (8.091 метри), Cho Oyu (8.201), Нанга Парбат (8.126), Макалу (8.485)., кој е негов девети врв искачен над 8.000 метри.
Од Imagine Nepal велат дека следни врвови за искачување се Kanchenjunga (8.586), Gasherbrum I (8.068), Gasherbrum II (8.035), Sishapangma (8.013).
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кедев го искачи Макалу 8.485, неговиот девети врв над 8.000 метри надморска височина
Фото: Приватна архива Сашко Кедев