еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Владимир Путин кој повторно победи на претседателските избори во Русија

Актуелниот претседател на Русија, Владимир Путин (71) победи на претседателските избори во Русија, доби нов шестогодишен мандат и на пат е да стане руски лидер со најмногу години на власт, доколку го заврши истиот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин освоил 87,97% од гласовите на претседателските избори

Тој ќе го надмине и Јозеф Сталин.

Путин е на власт во Русија речиси 25 години, а на изборите немаше реална конкуренција. Тројцата негови конкуренти беа од партии кои што се пријателски настроени кон Кремљ и воопшто не го критикуваат неговото владеење.

Кој е Путин

Роден е 7. октомври 1952 година во Ленинград (Санкт Петербург).

Во времето на комунизмот, Путин шеснаесет години бил агент во КГБ, а по распаѓањето на Советскиот Сојуз влегол во политиката во Санкт Петербург во 1991 година.

Во 1996 година се преселил во Москва и се приклучил кон администрацијата на Борис Елцин, каде на 31. декември 1999 година станал вршител на должноста претседател, кога Елцин неочекувано поднел оставка.

Во 2000 година Путин победи на изборите и беше реизбран во 2004 година.

По крајот на мандатот, тој немаше право на трет последователен мандат, па во 2008 година новиот претседател Димитриј Медведев го избра за премиер на земјата.

Во септември 2011 година, Медведев го предложи Путин за претседателски кандидат, што доведе до протести во неколку руски градови.

Тој во март 2012 година победи на изборите, а според новиот Устав неговиот мандат порасна на шест години.

Тој е и претседател на владејачката партија Единствена Русија.

Користени се материјали од Википедија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави продолжување на војната во Украина

Фото: Кабинет на Путин

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе забрани увоз на руски дизел

Редакција

Инфективните одделенија се оптоварени, лекарите преморени: Реорганизација за напливот пациенти со корона вирусот

Редакција

Тројца менаџери на Оилко лани имале примања од 80.000 евра

Редакција