Лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПС), Иван Стоилковиќ е кандидат за министер за односи меѓу заедниците.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Кој сѐ е дел од неа: Во Собранието доставен составот на новата влада
Кој е Стоилковиќ
Роден е 15. февруари 1962 година во Куманово.
Тој е дипломиран правник. Дипломирал на Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Зборува англиски и руски јазик.
Работно искуство
Пред да стане политичар од 1992 до 2002 година, бил основач и директор на приватното градежно претпријатие, “Lamax Co” од Куманово.
Политичка кариера
Од 1986 до 1990 година бил претседател на Младинскиот совет во Куманово.
Во декември 2001 година е избран за претседател на Демократската партија на Србите во Македонија.
Во 2002 година станал пратеник во македонското Собрание.
Во ноември 2005 година е реизбран за претседател на ДПС.
Во 2006 година добива уште еден пратенички мандат, а на таа позиција останува и по вонредните парламентарни избори во 2008 година.
Во ноември 2009 година добива уште еден мандат како претседател на ДПС, како и во ноември 2013 година.
Пратеник е и во периодот од 2011 до 2014 година, од 2014 до 2016 година, како и од 2016 до 2020 година и од 2020 до 2024 година.
Во март 2019 уште еднаш е избран за претседател на ДПС.
Приватно
Женет е и има ќерка и син.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Која е Весна Јаневска, кандидат за министер за образование
Која е Гордана Димитриеска Кочоска, кандидат за министер за финансии
Кој е Цветан Трипуновски, кандидат за министер за земјоделство
Фото: Фејсбук/Стоилковиќ