еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди Мицкоски

Лидл имале проблеми со претходната влада, тврди македонскиот премиер Христијан Мицкоски, кој имаше средба со дел од менаџментот на компанијата.

Според него од менаџментот споделиле дека тие имале бројни потешкотии и административни бариери од претходната Влада, а Мицкоски најави дека на брза трака ќе го стави процесот и дека за брзо време ќе има отварање на маркети на Лидл.

Лидл во 2021 година најави влез на македонскиот пазар. Со инвестирање започна пред една година.

Пред завршување е маркетот во Битола, во Скопје почна да се гради, во Куманово се гради логистичко дистрибутивниот центар, а маркети компанијата официјално планира и во Штип, Тетово, Кичево и Кавадарци.

Проценките се дека сите маркети ќе бидат отворени заедно следната или наредната година, како што прави германскиот ланец и во други земји, а во Македонија влегува преку бугарската фирма ќерка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лидл ќе почне да го гради првиот маркет во Скопје, урнат објектот на „Бриколаж“

(Видео) Лидл ќе има два маркети во Штип

ЕКСКЛУЗИВНО Лидл купи парцели и во Тетово и Кичево

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Епидемиологот Микиќ во интервју за ПИНА: Ако не ги почитуваме мерките, ќе бидеме како во Италија

Редакција

Уапсен осомничен за помагање во убиството во „Шиша бар“ во Старата скопска чаршија

Редакција

Стручна конференција „Нови еко бетони за одржлив свет“ – иновативни технологии во градежништвото преку зајакнати партнерства

Редакција