еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонијатурист со добивка од 2,31 милиони денари во првиот квартал

Македонијатурист АД Скопје во првите три месеци од годинава од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност, како и од други споредни дејности остварил добивка по одночување од 2,31 милиони денари, информираат од таму преку Македонската берза.

Вкупните приходи изнесуваат 71,61 милиони денари и се зголемени за 34%, додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 20% во однос на истиот период минатата година.

Вкупните трошоци и расходи од работењето за трите месеци изнесуваат 68,9 милиони денари и се зголемени за 3% во однос на 2023 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се реновира фасадата на хотелот Холидеј Ин: Што друго планира Македонијатурист годинава

На членовите на НО на Македонијатурист лани исплатени 2.2 милиони денари

Македонијатурист ќе дели дивиденда, кои се најголемите акционери

Фото: Холидеј Ин/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Петличковски: Трите дози вакцина против Ковид-19 во моментот даваат гаранција за над 95% заштита од смрт

Редакција

(Фото) Кои се двајцата пратеници болни од Ковид-19 кои во скафандери гласаа во Собрание

Редакција

Сиљановска Давкова откако се објави кој е помилуван видела дека некои од помилуваните се “навистина интересни во негативна смисла“

Редакција