Материјалните докази соодветствуваат со исказите на осомничените за соучество во убиствата и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес, изјави денеска основниот јавен обвинител во Основното јавно обвинителство Скопје, Гаврил Бубевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ако нема докази за убиствата, Палевски тешко ќе биде екстрадиран во Македонија?
“Во однос на фактите што произлегуваат од целокупниот доказен материјал конечно ќе се произнесеме со обвинение. Истрагата во однос на дејствијата е на тоа ниво на кое што ви кажав и минатиот пат.
Се испитуваат материјалните докази и тие зборуваат со истиот јазик со којшто зборуваа и осомничените“, рече Бубевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски ќе биде екстрадиран во Македонија за повеќе од еден месец
За постапката за екстрадиција на осомничениот за убиствата и грабнувањата, Љупчо Палевски Палчо, кој е упасен во Турција, тој рече дека Обвинителството ги има доставено сите потребни работи за екстрадицијата.
За соучество во убиствата и грабнувањата се осомничени нејзиниот татко, Александар Ѓорчевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, кои се во притвор.
Двајца од нив (без таткото на Вања) дадоа исказ дека Вања и Панче биле убиени од Палевски, на што тие биле сведоци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дали Љупчо Палевски Палчо убил и другпат?
Се уште се вештачат двата пиштоли поврзани со убиството на Вања и Панче
Таткото на Вања наводно прашувал дали камерите го фатиле автомобилот со кој била киднапирана