еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски подготвен да оди во Кочани на средба со семејствата на загинатите во пожарот

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази жалење што родителите на загинатите во т.н. дискотека „Пулс“ не ја прифатиле поканата за средба во Владата, но, како што посочи, е подготвен да оди во Кочани, за да разговара со нив.

„Немам проблем да заминам и да појдам во Кочани и апсолутно ќе сторам и како што правев досега се за да им помогнам онолку, колку што можам да им помогнам.

Но, исто така морам да кажам дека сум имал покана да појдам таму и на ваков состанок да поразговарам е лага. Такво нешто нема. Но, еве без разлика ако е ова покана кажувам дека ќе појдам во Кочани и ќе разговарам, ќе се организираме и ќе се договориме,“ рече Мицкоски.

Семејствата на загинатите одбија да се сретнат со Мицкоски утре во неговиот кабинет во Скопје, а вчера одржаа “Марш на ангелите“ во Кочани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денеска Mарш во Кочани: Мнозинството од семејствата на загинатите во пожарот во Кочани одбиваат средба со премиерот

„Инспекциите спиеле, децата не се разбудија“: Семејствата на загинатите во пожарот во Кочани и денеска бараа правда

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Околу 150 прехранбени компании ќе бидат префрлени на регулиран пазар на струја за да се намалат цените на основните производи, најави Бектеши

Редакција

Најмногу во Бутел, Сарај, Чаир: Од кои скопски општини се новозаразените со корона вирусот

Редакција

Руска амбасада за изјавите на Пендаровски: Русија не се мешаше, не се меша и нема намера да се меша во внатрешните работи на која било држава

Редакција