еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Мицкоски ќе одмара во Црна Гора, Николоски во Охрид, Тошковски во Турција

Премиерот Христијан Мицкоски во периодов од 8 до 11. август ќе замине на одмор во Црна Гора, објави порталот Вечер.

Поради обврските тој ќе искористел дел од одморот.

Министерот за надворешни работи и трговија Тимчо Муцунски веќе го искористил својот одмор, а министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска одморот ќе го искористи во втората половина од август.

Министер за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, најверојатно ќе замине на два-три дена до Црна Гора.

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски ќе користел слободни викенди во Охрид, од каде и потекнува.

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ практично немало да има одмор, бидејќи, како што вели, се сели од град во село, и за тоа ќе го искористи одморот кој иако краток, ќе биде со работни прекини во два наврати.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски веќе требало да биде на одмор со семејството во Турција, но поради обврските се надева дека ќе успее да им се придружи барем на два-три дена.

Вицепремиерот и министер за екологија Изет Меџити веќе користел неколку дена одмор во Грција, исто како и министерот за здравство Арбен Таравари.

Министрите кои доаѓаа од коалицијата “Вреди“, според информации на Вечер, во најголем дел ќе одат на неколкудневен одмор во Албанија или на турското крајбрежје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не се очекува намалување на цените на становите

Редакција

Спасовски, Шилегов, Бочварски, Манчевски, Зекири, Ременски „лоши“ за СДСМ, а за граѓаните?

Редакција

Во октомври раст на прометот на Македонската берза за 125,25%

Редакција