еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Немојте да бидете жртва на принуда во замена за членство во ЕУ, порача хрватскиот претседател од Скопје

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, кој е во посета на Македонија, денеска на заедничката прес-конференција со неговата македонска колешка, Гордана Сиљановска Давкова, порача дека земјава не треба да трпи никакви изнудувања во замена за членството во Европската Унија (ЕУ).

„Вие сте тие кои ќе одлучите што е важно за вас. Само немојте да бидете жртва на некаква принуда, изнудување, кога станува збор за членството во ЕУ“, рече тој.

Посочи дека не дошол во Македонија да и дели на земјата совети.

„Секако многу совети и насоки добивате и од многу други страни – од соседите, од меѓународната дипломатија, од Европската комисија. Не се сите тие совети паметни и корисни за вас – работете по свое, вие сте тие кои ќе одлучите што е важно за вас“, рече Милановиќ, потенцирајќи дека се додека некој е против, Македонија не може да оди напред.

„Бугарија има некои свои идеи, јасно е дека треба да постои консензус. Како и да свртиме доаѓаме до истото. Се додека некој е против, Македонија не може да оди напред.

Единствено прашање е дали ова за вас и за вашите граѓани уште е најважната работа на светот, или има и други работи на кои може да се работи и да се реализираат“, рече тој меѓудругото.

Сиљановска Давкова пак меѓудругото кажа дека ветото не е пријателски инструмент, за што очекува разбирање и подвлече дека Копенхагенските критеруми се тие коишто од Македонија ќе направат “стандардна европска досадна држава“.

„Иако е многу чудно тие се врзани за историјата, за перцепцијата на културата, па дури и за јазикот, нешта за коишто не се разговара и преговара. Но, мислам дека ветото ќе предизвика и понатаму проблеми“, вели Сињановска Давкова.

Таа рече и дека македонските граѓани сè уште го поддржуваат зачленувањето на Македонија во ЕУ, но „ова навистина е неодржлива состојба која што не говори само за нас, туку и за кредибилитетот и интегритетот на ЕУ во една од најважните области, областа на проширувањето“.

Фото: Кабинет на претседателката

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Заева, Шекеринска, Царовска, Пендаровска на аукција донираа средства за жртвите на семејното насилство

Редакција

Антикорупциска комисија: Државните активности да се не мешаат со партиските во изборниот период

Редакција

Јункер, Могерини и Хан радосни за ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот парламент

Редакција