еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Осигурителните компании разочарани од одлуката за враќање на старата цена на осигурување при регистрација

Осигурителните компании се разочарани од “непрофесионалните квалификации кои им ги упати регулаторот – Агенцијата за супервизија на осигурување (АСО)“, а врз основа на кои Комисијата за осигурување од задолжителна автомобилска одговорност (АО) при Министерството за финансии (МФ) ја намали цената на авто одговорноста, реагираат од таму.

-Одлуката на Комисијата при МФ за враќање на цените на АО претставува директна закана за финансиската стабилност на осигурителниот сектор, поставување во целост на регулаторно ограничување во ценовните политики што е спротивно на препораките на Европската комисија во извештајот за напредокот на нашата земја, кое може сериозно да ја доведе во прашање грижата за осигурениците.

И ако Комисијата за автомобилска одговорност тврдеше дека сака да донесе објективна и транспаретна одлука базирана на конкретни параметри, сепак истата се базираше единствено на непрофесионални квалификации доставени од регулаторот АСО.

Осигурителната индустрија оваа анализа не ја прифаќа и смета дека е погрешно поставена и пристрасно изработена со цел докажување на однапред определено мислење и намалување на цената за АО. Неточноста на анализата се базирана на следните факти.

Анализата е направена комбинирано за автоодговорност, зелена карта и гранично осигурување, а не само за автоодговорност – која е предмет на промените.

Анализата се фокусира на докажување на издржливоста/доволноста на техничката премија, а не на делот за вршење на дејност – кој е предмет на промените.

Анализата не ги зема во предвид резервираните штети и не прави проекција на инфлаторното влијание врз истите во наредните години – што е клучно за бизнис со долга опашка односно сервисирање на нематеријаните штети на долг рок.

Анализата не го зема воопшто во предвид делот за вршење дејност и е непоткрепена со актуарски пресметки и проекции за трошоците.

Анализата содржи паушални интерпретативни одредби и тврдења базирани на мислење, а не на факти.

Регулаторот на осигурителната индустрија меѓу другото треба да се грижи и за стабилноста на осигурителниот сектор и за угледот на компаниите кои ги регулира. АСО преку презентирање на неточни анализи и давање на квалификации за индустријата и начинот на нејзиното работење директно го нарушува угледот на сите осигурителни компании, и нивните “мајки” странските компании.

Регулаторот треба да работи во насока на зацврстување на осигурителната индустрија преку поддршка на нивните напори да ги заштитат осигурениците, преку креирање на солидно ниво на солвентност и ликвидност кое секако доаѓа само преку профитабилно работење. Во спротивност, се создаваат услови за нестабилност во финансискиот сектор – нешто што никој не го посакува.

Со донесената Одлука од страна на Комисијата се лимитира делот за вршење на дејноста односно трошоците и се воспоставува 100% државна контрола над цените за автоодговорност. Со ова се оддалечуваме и од принципите на Европската Унија и од правилата на пазарната економија истакнуваат од друштвата за осигурување, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата донесе одлука за враќање на старата цена на осигурувањето при регистрација

Се враќаат старите цени за осигурување на регистрација на возила?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Одлуки на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ: Референдумот е неуспешен, на избори само со „Пржинска влада„

Редакција

На компаниите што не ги поевтиниле производите, ќе им се укине повластената цена на струјата

Редакција

Петков: Ја славиме годишнината од раѓањето на еден од најсветлите умови, бугарскиот револуционер Делчев

Редакција