Откако ќе се расчисти инцидентот со косовската претседателка Вјоса Османи на Меѓународниот аеродром Скопје, македонското Министерство за надворешни работи (МНР) ќе одговори на протесната нота на Косово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протесна нота за Македонија од Косово за инцидентот со косовската претседателка
Во меѓувреме од македонското МНР изразија жалење за инцидентот.
„Република Северна Македонија и Република Косово одржуваат позитивни и конструктивни билатерални односи и соработка, без отворени прашања и со искрен и континуиран дијалог на сите нивоа и во сите области.
Во наведениот контекст, изразуваме жалење за недоразбирањата кои се случија при патувањето на претседателката на Република Косово, Н.Е. Вјоса Османи, на Меѓународниот аеродром во Скопје.
Напоменуваме дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија веќе побара информации од сите надлежни институции во врска со настанот.
По соодветна анализа на собраните податоци во соработка со Министерството за внатрешни работи, ќе бидат преземени сите потребни активности и мерки за да се избегнат вакви или слични ситуации во иднина“, велат од МНР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лице од обезбедувањето на Гаши предизвика инцидент на скопскиот аеродром