Нов заплет на судењето за убиството и грабнувањето на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и 74-годишниот Панче Жежовски од Велес.
Еден од обвинетите, Влатко Кешишов, на вчерашното рочиште рече дека го сменил исказот дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо, не бил присутен на убиствата на Ѓорчевска и Жежовски, под притисок на Палевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Палевски ме натера да го сменам исказот, вели Кешишев
Тоа, според него, се случило додека биле транспортирани заедно од затворот „Скопје“, попознат како Шутка, до Основниот кривичен суд Скопје.
Директорот на затворот, Бобан Утковски, за Фокус вели дека нема прекршување на законот и протоколите, појаснувајќи дека поради ограничениот број на возила не е возможно сите обвинети да се транспортираат посебно. Вели и дека Палевски не му дал ништо на Кешишов.
-Имам само четири возила. Па, еве кажете ми како група од 13 обвинети за исти предмет да ги транспортираме посебно? Тоа е невозможно. Плус, изјавата на обвинетиот се зема за апсолутна вистина, а што ако не е така?
Разговарав со полициските службеници кои ги спроведувале двајцата обвинети од судот до затворот и од нивна страна ми е кажано дека предавање на писмо немало. Извршен е преглед на ќелиите на четворица од обвинетите и не е пронајдено такво писмо.
Пронајдено е писмо на Палевски но кое е упатено за неговото семејство и тоа му е одземено, вели Утковски, додавајќи дека во затворот притворениците немаат контакт.
Според поранешниот директор на затворот, Филип Андов, пак, протоколите се прекршени и дури има простор за кривична одговорност.
-Строго е забрането носење на притвореници од ист случај со исто возило, до суд, затвор, болница или било кој друг објект. Не е точно дека и во минатото се транспортирале на ист начин. Сме носеле притвореници, па возилата се враќале по други. Вака, е загрозена и нивната безбедност, па добро е што судијата дал насока отсега да се транспортираат одвоено, вели Андов за Фокус.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Обвинетиот Манев и покажал на полицијата каде е закопан Панче
Фото: Палевски/Фејсбук