еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Познато за што ќе се трошат 6. милијарди од Обединетото Кралство, Македонија нема да отвара мигрантски кампови

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со британскиот амбасадор Метју Лосон и други членови на Владата денеска на прес-конференција информираа што предвидува стратешкото партнерство помеѓу двете земји и договорот „влада со влада“, кој ќе се склучи следната недела во Лондон, Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што ќе се трошат 6. милијарди евра од Обединетото Кралство?

Како и што објави претходно еМагазин, 6. милијарди евра, кои Македонија ќе ги добие како заем од Обединетото Кралство ќе се трошат за изградба на модерна карго и брза патничка железница од Табановце до Гевгелија, изградба на Клиничката болница во Штип, изградба на зградата на новиот медицински факултет, студентски дом со капацитет од 200 легла, изградба на болница во Кичево, реконструкција на Клиничката болница во Тетово…

Мицкоски не откри детали за тоа под кои услови Македонија ќе добие заем од Обединетото Кралство и најави дека за брзо ќе бидат соопштени деталите за каматната стапка, грејс периодот и како ќе се се враќа.

Исто така оваа стратешко партнерство, како што посочи Мицкоски, ќе придонесе за модернизација на македонските вооружени сили и подлабока интеграција во НАТО стандардите, ќе ја зголеми безбедноста на границите и ќе придонесе за поуспешна борба со трговијата со луѓе и шверцот.

На прес-конференцијата Лосон ги деманитараше шпекулациите во македонските и британските медиуми дека договорот предвидува дека Македонија се обврзала да прифаќање мигранти од Обединетото Кралство, појаснувајќи дека станува збор за соработка на полициски сили и подобро справување со криминални групи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Договорот „влада со влада“ помеѓу Македонија и Обединетото Кралство ќе биде склучен следната недела во Лондон

(Видео) Македонија ќе добие шест милијарди евра за инвестиции од Обединетото Кралство

Македонија ќе склучи договор за стратешко партнерство со Обединетото Кралство

Фото/видео: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ЕЛЕМ за набавка на масло за домаќинство вреден 93.000 евра

Редакција

Управата за водење на матичните книги вработува 82. службеници

Редакција

И „Вреди“ го осуди предлогот на Костадинов, го нарече маргинален проруски политичар

Редакција