За нецивилизираното однесување за време на прославата на денот на албанското знаме се огласи и претседателот на македонското Собрание, Африм Гаши.
-Во врска со последните настани, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, најостро го осудува секој чин на дивеење, без разлика на причината или основата што се користи за негово оправдување.
Насилството и дивеењето никогаш не може да бидат решение или одговор. Уште помалку може да се користат како алатка за провокација со намера за создавање тензии и дестабилизација.
Претседателот Гаши повикува на воздржаност, почит и конструктивна комуникација како единствениот пат за надминување на сите предизвици. Само преку меѓусебно разбирање и соработка можеме да обезбедиме мир и стабилност за сите граѓани во нашата заедничка држава.
Претседателот Гаши останува посветен на промовирање на демократски вредности и почитување на државните симболи, стои во соопштението од неговиот Кабинет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
(Видео) Уништено македонското знаме на прослава на албанското знаме во Скопје
Фото: Гаши/Фејсбук