еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време

Времето денеска ќе биде сончево, претежно тивко и релативно топло, а по котлините ќе има појава на магла која во текот на денот ќе се намалува. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 4, а максималната ќе достигне од 9 до 18 степени Целзиусови.

Во Скопје претпладне ќе има појава на магла и ќе биде тивко, а попладне маглата ќе се намалува. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 9 степени.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), и во наредните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време. По котлините ќе има појава на магла со променлив интензитет и пониски дневни температури.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Државна ревизија: Само за камати и провизии се дадени 58 милиони евра, а патиштата и пругите никаде ги нема

Редакција

Починаа 30 лица од Ковид-19, деветмина од Скопје

Редакција

Истражување на Галуп Интернешнл: Македонските граѓани сметаат дека Русија го дестабилизира светот, за САД мислењето е изедначено

Редакција