Mакедонски државјанин со сериозни здравствени проблеми е превезен со полициски хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) од Истанбул до Скопје по извршена операција, информираа од таму.
Медицинскиот транспорт е успешно извршен заедно со лекарите од болницата 8 Септември.
Медикоптерот веќе во неколку наврати се користи за транспорт на тешко болни пациенти, за лекување надвор од државата.
Фото: МВР
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.