Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека Арбен Таравари излегува од Владата и му посака добро здравје. Како што рече, неделава ќе го покани на кафе во Владата, за да сумираат што до сега е направено.
„Морам да кажам дека најмалку што очекував е да се врати назад во прегратките на Али Ахмети и останатите, но тоа е сепак негова одлука и убеден сум одлука на малкумина и дека тоа не е одлука на членството на Алијанса на Албанците и на голем дел на луѓето кои се дел од оваа Влада.
Чесно и доблесно беше самиот тоа да го направи да не ја влече Владата за нос и граѓаните, но ете полека, но сигурно станува јасно дека тој се враќа назад во прегратката на сите оние кои повеќе од две децении ја пустошеа, криминалиизраа и ограбуваа и ја фрлија Македонија на колена“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека Владата е стабилна и ќе продолжи да работи.