Амерканскиот претседател Доналд Трамп се закани со тарифи од 200% за алкохолот од земјите на Европската Унија (ЕУ), доколку не се прекинат царините од 50% за виски.
„Европската Унија тукушто воведе грда царина од 50% за виски. Ако оваа царина итно не биде укината, САД многу скоро ќе воведат царина од 200% за сите вина, шампањци, алкохолни производи од Франција и од други членки на ЕУ,“ предупреди Трамп на својата социјална мрежа Truth Social.
ЕУ исто така најави дека од 1. април ќе воведе царина од 25% на алуминиум и челик.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од 1. април ЕУ ќе го возврати ударот на САД со царини од 25%, за увоз на челик и алуминиум
Фото: Унсплеш
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.