еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Тројца повредени во пожарот во Кочани пуштени на домашно лекување, на сите хоспитализирани се врши токсиколошка анализа

Министерот за здравство, Арбен Таравари денеска информираше дека тројца поврдени во пожарот во Кочани се испишани и пуштени на домашно лекување, а за утре се планира уште тројца да бидат испратени дома.

-Од идната недела се надевам дека ќе известуваме колку пациенти си одат дома и ќе известуваме за некои од пациентите кои полека ќе почнуваат да се враќаат од странските држави и ќе продолжуваат со лекувањето тука.

Инаку, сите пациенти што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба, повеќето од нив се подобруваат.

Од вкупно 20 што беа критични пациенти денеска констатираме дека се 10 во потешка состојба, рече министерот Таравари.

Моментално во Македонија се лекуваат 72 пациенти, од кои на Клинички центар 34 пациенти, во ГОБ „8 Септември“ се 15 пациенти, Стара градска 11 пациенти и во Клиничка болница Штип само 1 пациент. Во приватните болници се сместени 11 пациенти.

-Надвор од државата се третираат 101 пациент. Вчера се испратени помал број пациенти надвор од државата, а денеска имаме понуди од повеќе држави, така што треба да видиме каква е состојбата на пациентите, за што ќе одлучиме по стручна консултација, посочи министерот.

Став на кризниот штаб е на сите хоспитализирани пациенти во текот на денот да им се извршат токсиколошки анализи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детален преглед: Каде се лекуваат повредените од пожарот во Кочани

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владата одлучи на Онишченко да му се одземе македонското државјанство

Редакција

Беким Незири на распит во полициска станица по упадот на лица во објектот на Контрола на летање

Редакција

Најголем дел од заболените со Ковид-19 во Македонија имале кардиоваскуларна болест и дијабет

Редакција