еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Уапсен член на обезбедувањето на Мицкоски, одавал службени тајни

Завчера е уапсен Ангел Сарамаков, полицаец од Велес и дел од обезбедувањето на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, поради одавање на службени тајни.

Тој, како што информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР) е уапсен на паркинг пред хотел во Велес, во возило „бмв“, во кое бил со лицето Б.К..

При претресот во возилото е пронајден ранец со службени материјали од МВР.

На двајцата им биле одземени мобилните телефони, по што биле уапсени.

Претреси се извршени и на други локации при што се пронајдени и одземени електронски уреди, службени документи и други предмети.

На Сарамаков ќе му биде поднесена кривична пријава за кривичното дело „оддавање службена тајна“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

50.000 евра требало да земе членот на обезбедувањето на Мицкоски за одавање службена тајна на МВР

30 дена притвор за членот на обезбедувањето на Мицкоски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На 4. февруари Бугарија и Македонија заеднички ќе ја чествуваат 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави Петков

Редакција

МВР склучи договор со Еуролинк вреден 1,1 милион евра

Редакција

Алијанса за Албанците и Алтернатива најавуваат дека со 3.000 амандмани ќе ги блокираат антикризните закони

Редакција